Германскиот интернационалец од редовите на Арсенал, Месут Озил, кој е поврзан со можен трансфер во Манчестер јунајтед или негово враќање во Реал Мадрид, најави дека ќе остане во клубот поради менаџерот Арсен Венгер. Плејмејкерот е подготвен да остане на „Емирати“, но само под еден услов… ако тоа го стори и стратегот на „топчиите“.
– Многу сум среќен во Арсенал и подготвен сум да потпишам нов договор. Се останува на клубот. Тие знаат дека сакам да знам каква ќе биде и иднината на менаџерот, како и на тимот во иднина. Венгер е одличен стратег, тој ме доведе и во него имам голема доверба – истакна Озил.
Тој претходно ги бранеше боите на Шалке, Вердер Бремен и Реал Мадрид, а е член на „топчиите“ од 2013 година. За тимот од Лондон запиша 100 натпревари со 20 постигнати погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.