| четврток, 6 декември 2018 |

Самоубиство во Норт Дам

Вистинска драма се случува вчера во една од најпознатите катедрали во светот, Нотр Дам во Париз. Повеќе од 1500 посетители се евакуирани откако маж кој влегол внатре, оставил писмо на олтарот, извадил пиштол и си пукал во уста. Загинал на лице место.

Ректорот на катедралата, Патрик Жакин, за АП потврдил дека ова е првото самоубиство во оваа катедрала откако е изградена.
-Ова е голема трагедија, драма, шок, рекол тој.
Полицијата не сакала да ги открие мотивите за самоубиството, како и содржината за писмото кое тој го оставил на олтарот.

Инаку, станува збор за 78-годишниот Доминик Венер, историчар и екстремен десничар кој во Франција е познат по своите остри критики на социјалистичката влада поради носењето на Законот за истополни бракови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top