Во СДСМ е метастазиран Сорос, кому прв таргет му се левичарските партии каде полесно може да се навлезе и оттаму да се бори против десничарските, изјави политичкиот аналитичар и историчар Никола Србов во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.
„Сорос создава некоја нова идеологија, создава интернационала што се враќа на некоја екстремна левица, ги уништува социјалдемократите, создава некое отворено општетство, сака да избрише граници, брише идентитети, удира по религијата, семејството промовирајќи геј бракови, индустријата што е една од основите за самостојноста на една држава, образованието, сето она што те прави човек поразличен од останатите. Сака да не унифицира цел Балкан под една капа? Сорос ќе биде Сталин? Станува збор за тоталитарец од невидени размери, но СДСМ ја загриза мамката. Бранко Црвенковски не беше подготвен да ја загриза иако му беше понудено, но Заев се нафати“, изјави Србов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.