| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата вработува: Работата лесна, платата одлична, квалификации не се потребни

holirud-palas-skotska

Кралицата Елизабета огласи уникатна работна понуда во која бара маж или жена, кој ќе биде вработен во шкотската резиденција и ќе има за задача да ги одлепува мастиките, оставени од невнимателните посетители. Предвидената награда е во износ од 15 912 фунти (20.428,27 евра) годишно за 20-часовна работна недела, пренесува Бизнисвести.мк

Палатата „Холироуд хаус“ е официјалната резиденција на кралицата, и најважната туристичка атракција во Шкотска. Годишно таа се посетува од околу 250 000 луѓе.

Останатите обврски се изразени во чистење на становите и тоалетите, како и скалите (еднаш неделно), полирање на вазните, среброто и мебелот, поправање на креветите и покривање на мебелот со заштитни навлаки во периодите кога замокот е затворен.

Конечно од кандидатите се бара да го имаат предвид „флексибилното работно време” во случај кога кралицата или членовите на нејзиното семејство живеат во палатата, или во случај на официјални приеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top