Граѓани кои викендов биле во Белград, по завршување на концертот на групата Депеш Мод го виделе екс првиот цариник. Откако ги забележал дека се Македонци и дека се обидуваат да го сликаат исчезнал во гужвата, раскажуваат граѓани за Канал 5.Откако во декември минатата година стапи на сила договорот за екстрадиција на сопствени државјани меѓу Македонија и Србија, во јавноста се појавија шпекулации дека тој е во некоја од државите во Јужна Америка или во јужна Африка од каде многу тешко се вршат екстрадиции.
Благодарение на двојното државјанство, Белград му беше прибежиште на Даравелски со години. Македонија го бара за одлежување на 7 годишна затворска казна за злоупотреба на службената положба како директор на Царинската управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил


