Добитник на традиционалната награда Македонска книжевна авангарда е поетесата Ана Бунтеска за стихозбирката Колку е потребно за среќа, во издание на Матица македонска. Наградата ја доделува Фондацијатата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.
Досегашни добитници на наградата се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски и Стефан Марковски.
Инаку, Ана Бунтеска е родена на 23.01.1972 година во Скопје. Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, а работи во Македонската Берза. Има објавено две книги поезија: Стави лајк на сопствениот живот и Колку е потребно за среќа. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.