Пред неколку денови многу прашина крена изјавата на легендарниот НБА кошаркар, Чарлс Баркли, кој за „ТНТ“ изјави дека НБА лигата никогаш не била толку слаба и дека доминираат само неколку екипи, а останатите се ужасно слаби.
Многумина не би се сложиле со овие зборови на Баркли, но нешто слично мислење за оваа ситуација има и Дино Раџа, кој четири години беше дел од оваа лига, поточно во периодот од 93/97 го носеше дресот на Бостон Селтик.
– Денес, НБА лигата е многу поголем спектакл, отколку во времето кога јас играв таму. Сè е подигнато на повисоко ниво, особено маркетингот. Но, кога во прашање се квалитетите на кошаркарите, јас дефинитивно би се сложил со Баркли. Во наше време имаше многу подобри кошаркари отколку сега, како на пример: Џордан, Пипен, Баркли, Ирвинг, Бирд, Џонсон, Олајџувон, Дејвид Робинсон, Шек, Стоктон и Мелоун и уште многу многу други – вели Хрватот.
Дефинитивно многу е ташко да се направи споредба кое време имаше поквалитетни кошаркари, но она што е сигурно е дека НБА лигата го загуби својот шарм кој го имаше во минатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.