| четврток, 6 декември 2018 |

Турските војници и сириските бунтовници убиле 32 членови на ИД во северна Сирија

Турските војници и сириските бунтовници вчера убија 32 членови на Исламска држава во најновиот нивен судир во северна Сирија, соопштија денеска турските вооружени сили, цитирани од британските медиуми.

Во текот на последните 24 часа турските воени авиони уништиле 21 цел на Исламска држава во градовите Ал Баб и Бзага, во северна Сирија, вклучувајќи и згради и автомобили.

Турската воена операција „Еуфратски штит“ почна пред повеќе од четири месеци со цел да ја истера Исламска држава од границата и да го спречи заземањето на териториите од курдските сили, потсетуваат британските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top