| четврток, 6 декември 2018 |

Педофил нападнал девојчиња во Карпош

devojce

Додека девојчињата играле пред влезот од зградата, дошло непознато лице со откопчани панталони и повлекло за рака едно од нив.

На улицата Соле Стојче во скопската населба Карпош 4 вчера во 15.50 часот педофил нападнал 4 девојчиња на возраст од 7 до 8 години.

Настанот се случил додека девојчињата играле пред влезот од зградата, каде што дошло непознато лице со откопчани панталони и повлекло за рака едно од девојчињата.

Малолетничките потоа викнале помош и се разбегале, по што родителите повикале полиција, која тргнала во потрага по напаѓачот, потврдија за Сител од МВР.

За случајот свои изјави по полициската станица во Карпош дале девојчињата и нивните родители, а полицијата работи на утврдување на идентитетот на напаѓачот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top