Трибината која се одржа денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на тема: „Македонската книжевна пирамида“ не донесе нешто ново, ниту понуди решение.
За пофалба е организаторот, кој конечно имал доблест да организира книжевни разговори на теми како: Главните вредносни карактеристики на современата македонска литература; Како функционира вредносниот систем во македонската книжевност досега? дали е добар? Има ли потреба од деноминирање и критичка анализа? Дали во сегашниот вредносен систем во македонската книжевност се уште владее едноумие? Дали истите поставувачи на тој вредносен систем, од претходната држава, се уште владеат во книжевноста? Постои ли демократска мимикрија во македонската книжевност?…и уште ред прашања кои се актуелни и битни во моментов.
Беа отворени долгогодишните дилеми и донекаде учесниците во дискусијата придонесоа за средување на актуелниот хаос и неиздржливата леснотија во нашата книжевност, се со цел да не дозволиме и натаму да имаме заборавени вредности, но и префорсирани автори.
Сите беа едногласни во ставот дека богатството на македонската книжевност е најголемата вредност и тоа се создава во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.