| четврток, 6 декември 2018 |

Нова акција на турската полиција при потрагата за напаѓачот од новогодишната ноќ

poli

Турската полиција извршила нова акција во потрагата по извршителот на нападот, што се случи на новогодишната ноќ во Истанбул.

Тимови на полицијата за борба против тероризмот, дејствувајќи по добиени сигнали, спроведоа операција на периферијата на Истанабул, при што преведоа голем број припадници на ујгурска заедница по потекло од Кина.

Во полициското соопштение не се прецизира точниот број на приведени лица, но се наведува дека тие се осомничени за „помагање и поттикнување“ на нападот во Истанбул.

Најмалку уште 40 лица се приведени под сомнеж за поврзаност со нападот, што се случи на новогодишната ноќ во итсанбулскиот ноќен клуб „Реина“ при што загинаа 39 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top