Светските медиуми веќе извесно време јавуваат дека пејачката Шер е во многу лоша здравствена состојба и дека на оваа 70-годишна уметница ѝ откажуваат органите.
Пејачката финансиски ги осигурала најблиските луѓе, но ѝ останале уште малку пари. Неодамна добила и тужба. Обвинета е за измама од пет милиони долари од страна на уметникот Мошика Надава кој тврди дека нејзиот албум „Closer to the Truth“ има два логотипови со букви кои се речиси идентични на оние коишто тој ги креирал.
Станува збор за обликот на фонтот на називот „Парис“ кој денес го користат неговите клиенти како што се „Вог“ и „Есте Лодер“, а албумот којшто овој уметник го спомнува е продаден во половина милион примероци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.