| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Граѓаните одлучија ВМРО-ДПМНЕ да ја води државата

srbov

Победникот е ВМРО-ДПМНЕ кој доби најмногу гласови од граѓаните на парламентарните избори. Тој е победник, а доколку не се испочитува волјата на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ да ја состави Владата ќе следи не турбулентен период, туку не ни сакам да помислам на таква ситуација. Во Уставот стои дека носители на суверенитетот се граѓаните на Република Македонија кои на избори одлучуваат кој ќе ја води нивната земја, истакна во гостувањето на ТВ Нова политичкиот аналитичар Никола Србов.

Тој додава дека доколку се погази гласот на граѓаните, се одзема суверенитетот на истите.

-Доколку се оди во комбинации СДСМ да прави коалиција со сите албански партии, тоа е многу опасно за државата. Едно непишано правило, победникот по логика треба да ја составува Владата. Вие ако еднаш тоа го наметнете од каде да знаеме што ќе се случува во иднина, може поразениот секогаш да прави коалиции, комбинации и да составува Влада во Република Македонија. Има уште едно непишано правило дека победникот од македонскиот и од албанскио блок, бидејќи нели така сме поделени, ја составуваат владата. Доколку ДУИ сега си го порази зборот и ова правило кое пред се таа сма го бараше да се потпише, и не направи влада со ВМРО-ДПМНЕ треба целиот албански електрорат да има на ум дека утре на некои идни избори кога ВМРО-ДПМНЕ ќе освои над 61 пратеник тие ќе може без никого да прашаат, бидејќи правилото се погазува, да си состават сами влада – вели Србов за ТВ Нова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top