По најавите на УХМР дека во следниот период, почнувајќи од петок, па до понеделник Р. Македонија ќе биде во жолта фаза со температура под нулата, снежни покривки и леден дожд, денеска со препораки се јави и Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство.
-На комисијата заклучивме веднаш да се известат сите здравствени установи, да имаат доволно кадар, лекови, санитетски материјал и сместувачки капацитети за евентуално зголемен број лица со штетни последни заради лошото време. Известени се и екипите на Итна медицинска помош низ целата држава да бидат доекипирани со повеќе екипи, возила, лекови, санитетски материјал. Известени се и центрите за Јавно здравје да направат кризни штабови со подрачните единици на ЦУК, Цревен крст, болниците , здравствените домови и да преземат мерки на своето подрачје- истакна Јованка Костовска државен советник во Министерство за Здравство.
Донесен е и заклучок патронажната служба во соработка со службите од МТСП , Црвен крст да ги посетат сите лица што живеат сами дури не почнал студениот бран и да им достават, храна, лекови, огрев. Ќе бидат лоцирани и сите бездомници кои ќе бидат сместени во кризните штабови.
Комисијата за превенција од штетни ефекти упати совети и до населението доколку немаат потреба додека траат поларните температури да не излегуваат од дома или доколку мораат да го прават тоа за краток временски интервал и од 11 до 16 часот. За да се спречат скршеници да се внимава на обувките што се носат, а хронично болните навреме да си обезбедат терапија.
Доколку граѓаните имаат каков било проблем и има потреба од помош може да се јават на следните броеви: 194 ИМП, 195 Центар за управување со кризи и 3139578 на Црвен крст.
Костовска посочи дека во жолта фаза не е забрането работа на отворено, но упати предупредување до работодавците да внимаваат работата да биде во потоплиот период од денот, да не биде наутро и касно навечер. Работниците да бидат топло облечено и да прават паузи на секои 2 часа во топли простории со топли напитоци.
Бремените жени и хронично болните лица повозрасни од 60 години ќе бидат ослободени од работа само доколку температурата достигне до минус 20 степени под нулата.
Населението да биде подготвено и да се избегнуваат патувања низ државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.