Од засега непознати причини денеска околу пладне се запалил стан во зграда во Капиштец.
Станот е на седмиот кат од зградата со осум ката и поткровје.
Со брзата интервенција на скопската противпожарна бригада спречена е поголема трагедија откако од зградата се евакуирани сите станари.
На вчерашното обележување на денот на пожарникарите скопскиот градоначалник Трајановски изјави дека поради несоодветна опрема пожарникарите имаат проблем со гаснење на пожари на повисоките катови но тие денес и покрај тоа успешно се снајдоа во Капиштец.
Екипата на republika.mk е на терен и очекуваме повеќе вести од овој инцидент
Фото: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




