| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени над 63.000 евра во Скопје

evra1

Во две одделни кражби во Скопје во неделата крадци успеале да се збогатат за повеќе од 4,5 милиони денари.

Имено, во неделата од 19.30 до 22.40 часот, на улица „Козле” во Скопје, непознат сторител, користејќи згодна прилика извршил тешка кражба во куќа сопственост на М.Г.(55).

Од куќата украл 5.700 евра и поголема количина златен накит со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупна вредност од 840.000 денари.

Во неделата, исто така, во периодот од 20.15 часот до полноќ, на улица „Теодосиј Синаитски”, во Скопје, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во куќа сопственост на Н.П.(41).

Крадецот успеал да однесе 57.000 евра, 800.000 денари и поголема количина златен накит со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупна вредност од 3.420.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top