| четврток, 6 декември 2018 |

Клинтонови и Бушови ќе присуствуваат на инаугурацијата на Трамп

Поранешната претседателска кандидатка на американските демократи Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг Бил Клинтон, планират да присуствуваат на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, закажана за 20 јануари 2017 година, соопштија нивни соработници.
Најавата дека некогашниот американски претседател и поранешната државна секретарка ќе присуствуваат на инаугурацијата на Трамп, следеше набрзо откако канцеларијата на наследникот на Клинтон на претседателската функција, Џорџ Буш Помладиот, соопшти дека тој и неговата сопруга Лора ќе се појават на церемонијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top