Рускиот претседател Владимир Путин на својата земја ѝ го врати епитетот велесила, а опозицијата ја сведе на речиси неважна. Во татковината го сакаат, а во светот го мрзат и го сакаат.
Ова се десетте работи што, можеби, не сте ги знаеле за него.
1. Путин многу сака да спие. Го преспива речиси цело утро, а појадува околу пладне.
2. Обожава да плива. Плива по секој појадок и паралелно размислува за дневните обврски.
3. Тајно е крстен во православна црква бидејќи во тоа време во СССР религијата била забранета.
4. Не живее во Москва. Смета дека градот е пренатрупан и својата палата и канцеларија ја има во околината на Москва.
5. Има црн појас во џудо.
6. Во средното училиште работел во радио. Сакал да пушта музика од „Битлси“.
7. Неговите соработници го нарекуваат Царе.
8. Путин мрази интернет. Го смета за несигурен и збунувачки.
9. Не пуши, а алкохол пие многу ретко.
10. Како таен агент господин Адамов во 1985 година живеел во Источна Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.