Трократниот убиец Добросав Гавриќ(42), кој на 15 јануари 2000 година го ликвидираше Жељко Ражнатовиќ – Аркан, е преместен од притвор во Јужноафриканската Република, дознаваат српските медиуми.
Гавриќ успеал од притвор во Кејпатун, во кој се наоѓал од 2011 година да се тргне на тајна локација, каде е под голема заштита.
Јужноафриканските власти стравуваат дека неговиот живот може да биде доведен во опасност поради тоа што луѓето блиски до Аркан наводно потплатиле затвореници кои биле подготвени да го убијат.
Гавриќ во Србија е осуден на 35 години затвор, но властите во Јужна Африка упорно одбиваат да го испорачаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради него мислат дека Аркан е жив: Постојано има проблем со цариниците (галерија)
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија