| четврток, 6 декември 2018 |

Гутереш: Не сум чудотворец

%d0%b3%d1%83%d1%82%d0%b5

Новиот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш нагласи денеска дека „не е чутворец“ и оти “времињата се многу тешки“.

– Сметам дека е потребно да се каже дека не постојат чуда, и сигурен сум дека не сум волшебник- изјави Гутереш кој од 1 јануари го замени Бан Ки­мун на функцијата генерален секретар на ОН.

– Времињата се многу тешки, се повеќе конфликти и појавата на тероризмот како нов феномен- нагласи Гутереш.

Тој призна дека ОН го намалило страдањето на одделни народи, „но не успева се уште да спречи и решава конфликти“.

– Постои голем отпор, многу скептицизам во различни делови од светот за улогата која може да ја има ОН. Треба да сме способни да ги признаеме своите грешки и неуспеси- наведе тој пред дипломатите и вработените во централата на ОН.

Тој ги повика да работат колективно за промени, реформи и подобрување на работата на ОН и „надминување на оковите на бирократијата“.

– Единствениот начин тоа да го постигнеме е да работиме заедно, како тим во служба на Повелбатана ОН- изјави Гутереш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top