| четврток, 6 декември 2018 |

Почина маж од студ во БиХ

Возрасен маж почина од премрзнување во околината на Фоча во источна Босна и Херцеговина и тој е првата жртва на студениот бран, кој ја зафати БиХ во првите денови од јануари.

Полицијата источно од Сараево потврди денеска дека телото на 88-годишниот маж било пронајдено вчера во шума покрај селото Милевина.

Телото било пронајдено од ловци. Мажот бил облечен во тенка облека и се претпоставува дека починал во текот на ноќта, кога температурата паднала до минус 15 степени.

Босанските метеоролози предупредуваат дека следните денови во БиХ пристигнува нов студен бран. Во Сараево во текот на викендот се очекуваат температури до минус 22 степени Целзиусови во текот на ноќта, а дневните ќе достигнат околу 12 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top