Францускиот шампион ПСЖ денеска и официјално го претстави новото засилување, германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер. Поранешниот клуб на Дракслер, Волфсбург, од трансферот заработи 30 милиони евра.
Дракслер (23), со ПСЖ потпиша договорот до летото 2021 година, а годишно ќе заработува пет милиони евра.
– Горд сум што започнувам нова етапа во мојата кариера. Дојдов во клуб кој е еден од најдобрите во Европа и во чии редови играат одлични фудбалери – рекол Дракслер.
Германецот е првото засилување за ПСЖ во зимскиот преоден рок, а пред Волфсбург играше во Шалке 04.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.