| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона ја најде замената за Енрике ако Шпанецот не го продолжи договорот

ronald-kuman

Зимскиот преоден рок полека зема замав, а покрај фудбалерите на цена се и големите тренерски имиња.

Каталонскиот гигант Барселона веќе најде замена ако Луис Енрике не го продолжи договорот. Како што пренесува „Спорт Италија“ по соодветна замена за Шпанецот челниците на Барса не ни можеа да најдат. Човекот кој беше главна алка во тимот во последната деценија од минатиот век и кој најдобро ја познава ДНК-та на клубот, Роналд Куман, би можел да седне на жешкото тренерско столче.

Управата веќе го контактирала Куман и му дадоа до знаење дека треба да почека и потоа да одговори на понудата за да ја преземе Барселона. Чекањето се однесува на одлуката на Луис Енрике кој сеуште не се изјаснил дали ќе го продолжи договорот кој му истекува на крајот од оваа сезона.

Куман без размислување во било кое време би ја прифатил понудата на Барселона и тоа никогаш не го криел да го изјави. Тој од една страна се чини е најлогично решение бидејќи одлично го познава клубот и негов ментор е Јохан Кројф кој ја постави оваа тактика на каталонскиот гигант уште пред 20 тина години. Куман беше клучен во финалето на Лигата на шампионите во 1992 година кога го постигна победничкиот гол во продолежнијата против Сампдорија.

Колку и да делува дека Куман е млад тренер, тој веќе има долгогодишно искуство, а токму тренерската работа ја започна во Барселона кога му беше помошник на Луис ван Гал во 1998 година. Од тогаш тој седеше на клупата на Валенсија, Аз Алкмар, Феенорд, Саутемптон и Евертон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top