| четврток, 6 декември 2018 |

Новогодишна семејна драма: Сопругата на Мурињо во критична состојба

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, не може да се пофали со тоа дека 2017 му започнала добро.

Во само еден ден со приватен авион два пати патувал за Португалија за да биде покрај сопругата Матилда после операцијата.

На самиот крај на 2016. и почетокот на 2017. година Жозе Мурињо (53) преживувал тешка семејна драма. Неговата сопруга Матилда (51) на 29-ти декември морала на итна операција па тренерот на Јунајтед во раните утрински часови со приватен авион од Манчестер летал за Лисабон. Бил покрај сопругата после операцијата и истата вечер се вратил за да го води тимот во првенствениот натпревар против Мидлсбороу (победа на “црвените ѓаволи“ со 2:1).

jose-mourinho

Но, здравствената сотојба на Матилда нагло се влошила па морала на уште една операција, а Жозе повторно патувал во Лисабон. Не е објавено какви здравствени проблеми имала сопругата на Мурињо, со кој е во брак од 1989. година. Двојката има две деца, ќерката Матилда и синот Жозе Мариа.

-Матилда уште пред Божик се жалел на болки, а после преглед на специјалист одлучила дека мора да оди на операција, рекол неиуменуван близок пријател на семејството, за англиските медиуми, и додал: Сето ова тешко го погоди Жозе, празнично време е, а семејството е раздвоено поради неговите обврски во клубот. И сега уште операцијата на Матилда.

Матилда била добро после втората операција и се опоравувала во приватна клиника во Лисабон, но Жозе не можел да биде спокоен. Очаен е, загрижен е за нејзиното здравје. Единствено што сака е да биде покрај неа додека се опорави, но ритамот на натпревари тоа едноставно не му го дозволува. Затоа секоја можна пауза ј користи за да и помогне да се опорави и да застане на нозе открил семејниот пријател на Мурињови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top