Некогашната голема надеж на холандскиот фудбал и поранешен играч на Ливерпул, Рајан Бабел кариерата ќе ја продолжи во турски Бешикташ. 31-годипниот крилен напаѓач со турскиот шампион договори две и пол годишна соработка. Бабел во Истанбул пристигна од Ла Коруња каде настапуваше изминатите шест месеци, а откако му истече договорот реши да го смени клубот.
Според турските медиуми, Холанѓанецот од соработката со Бешикташ ќе добие пет милиони евра.
Бабел во кариерата има настапувано за Ајакс, Хофенхајм и Ал Аин. За холандската репрезентација има одиграно 16 натпревари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.