Политичката криза и изборите, сепак, не можат да ја надминат Светлана Ражнатовиќ – Цеца. Барем така покажуваат бројките од најчитаните вести за изминатата 2016 година на сајтот „Република“. Ова се петте најчитани наслови од 1 јануари до 31 декември 2016 година.
Информацијата за наводното домашно видео од Цеца и Александар, досега е прочитана 90.470 пати.
Ни втората најчитана вест за 2016 година не е поврзана со политичките случувања. Напротив, со 52.524 прегледи, „среброто“ оди за веста за македонската пејачка Анета од групата „Молика“.
Зетот на специјалната обвинителка им го привлече вниманието на нашите читатели. Веста дека Катица Јанева се посвати со висок функционер на СДСМ беше прочитана повеќе од 50 илјади пати.
Секоја вест околу убиството на српската пејачка Јелена рушеше рекорди, но меѓу нив со 48 илјади прегледи најчитана беше оваа вест.
Во 2016 година не напуштија многу познати лица од светот, но и од Балканот. Веста за испраќањето на Маринко Маџгаљ на вечната починка беше прочитана 43.300 пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.