Германската полиција во неделата извести дека со прегледот на 650 мажи, повеќето од земјите од северна Африка на новогодишната ноќ спречила да се повторат сексуалните напади и ограбувања на коишто минатата година во Келн беа изложени стотици жени.
Полицијата прегледувала а потоа и привела многу мажи на главната железничка станица кои се движеле кон центарот на Келн.
Пред една година на новогодишната ноќ во Келн главно млади мажи злоставуваа, ограбуваа или силуваа 90 жени, според потврдените податоци на полицијата, а слични случаи масовно имаше и во Хамбург и во Штутгард, но и во други германски и европски градови.
Шефот на келнската полиција Јирген Матиас не кажа колку мажи се пушени во центарот на градот, демантирајќи дека прегледите биле како расно профилирање, Додаде дека многу од приведените лица биле многу агресивни.
„Ова го направивме за да ги спречиме инцидентите како оној од минатата година. Голем дел од групата мажи кои ги прегледавме ја сочинуваа луѓе од кои би можело да се очекуваат кривични дела. Затоа прибегнавме кон ваквиот пристап“, изјави Матиас на прес-конференцијата.
Во новогодишната ноќ во Келн се уапсени 92 лица, меѓу нив 16 германски државјани и 10 Сиријци. Полицијата, исто така, оставила дополнителни надзорни камери на железничката станица.
Многу од осомничените за нападите од пред една година беа жители на земјите од северна Африка и од арапските земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.