Џенифер Лопез е една од најпопуларните жени на светот, а се чини дека годините не и можат ништо, па и во петтата деценија од животот изгледа одлично. Ова се наколку совети од неа за тоа како жените да останат негувани и убави.
Крема за лице веднаш по бањањето
Многу е важно да нанесете крема за лице веднаш по бањањето. Најдобро е 60 секунди откако ќе излезете од под туш, бидејќи многу мал процент од водата останува на вашата кожа и потоа испарува и тогаш таа почнува да ја губи својата влажност.
Не користете памук за лице
Ако не сакате да ја нанесете пудрата со вашите прсти, користете густ сунѓер или четка. Додека пак тоникот за лице, него најдобро е да го нанесете со рацете и потоа само да го измиете лицето. Памукот воопшто не мора да го користите.
Користете база
Неутралната база или прајмер, го спречува прекумерното сушење на кожата кое настанува поради шминката. Доколку имате мрсна кожа, прајмерот ќе ви го намали ризикот од акни.
Туширајте се со млака вода
На почетокот ќе ви биде малку ладно, но ќе се навикнете, а вашата кожа ќе ви биде и повеќе од благодарна.
Имајте кокосово масло на дофат
Не постои подобар препарат за нега на кожата од кокосовото масло. Тој е идеален да го користите како маска за лице, за коса, како и да го мачкате телото со ова масло.
Ден без шминка
Секогаш имајте денови кога нема да имате ниту грам шминка на лицето. Многу важно е никогаш да не спиете со шминка, доколку сакате поздраво лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како божица: Џенифер Лопез го слави 49 роденден, а не е остарена ниту ден!
-
Интернетот зовре: Џенифер Лопез ги воодушеви сите со новиот секси изглед!
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Соблечи ја блузата и покажи ми ги градите – скандал го тресе Холивуд!