Ветувањата од кампањата мора да се реализираат. Разгорените страсти и преголемиот политички јаз да се да се намалат и нормализираат, меѓуетничките односи да се надградуваат во позитивен дух. Изборите се зад нас, и по формирањето влада треба да се зафатиме со работа и активности на економски план, на планот на реформите во сите области, на планот на стратешките приоритети за приклучувањето на Македонија кон НАТО и ЕУ, на продолжување на градење на соживот и заедничка иднина за сите нас, а особено за младите, рече Груевски во новогодишното обраќање.
Ние сме подготвени за тоа. Полни со енергија, со позитивна енергија, со ентузијазам, со желба за нови успеси на целото општество и држава, со подготвеност да се помогне на секој човек, на секоја индивидуа да успее, со добро зацртан план и стратегија влегуваме во новата 2017та година.
-Со заеднички напори, со одговорен пристап, посветено работење, држење до дадениот збор, со зацртана визија и со божја помош, верувам дека земјата ќе оди напред, а граѓаните ќе бидат позадоволни. Јас лично, никогаш не сум се штедел кога требало да се работи, да се решаваат проблемите, да се отвораат нови патишта и перспективи, и нема да се штедам ни во иднина, кога станува збор за мојот народ, за мојата држава, за нашата заедничка држава, за сите нас кои живееме во Република Македонија. Заедно со мојот тим, заедно со секој кој сака и може да помогне, ќе направам се што е во моја моќ, не само да ги остварам дадените ветувања, туку и да остварам повеќе од тоа. Секој од Вас, во новата година влегува со свои лични и семејни планови и проблеми, со лични желби и предизвици. Секоја индивидуа има свои цели, за кои да не заборавиме дека пред се е потребно добро здравје. Затоа, дозволете секуму од Вас да му посакам да има добро здравје, да го следи среќа, да има смиреност во душата, да дава и да добива љубов повеќе отколку било кога досега, и да ги оствари своите зацртани цели и планови. Нека Ви е среќна и успешна новата 2017та година, им посака на граѓаните на Република Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски