Најмалку 28 лица се загинати, а повеќе од 50 се повредени во неколку експлозии на пазар во центарот на Багдад.
Полицијата соопшти дека две бомби експлодирале во близина на продавница за авто-делови во населбата Ал-Синак рано изутрината кога пазарот бил полн. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но Исламската држава често напаѓа цивили во Багдад.
Претставник од Министерството за внатрешни работи ја „Ројтерс“ изјавил дека едната експлозија била предизвикана од бомбаш-самоубиец, додека втората била подметната.
Исламската држава изгуби голем дел од територијата во северен и западен Ирак, која ја контролираше од 2014 година и е под опсада од ирачките сили и коалицијата предводена од САД во градот Мосул на северот на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.