Синоќа околу 21.00 часот во центарот на Куманово поради оставен или заборавен сомнителен рачен багаж (ранец) пред банкоматот на Унибанка кумановската полиција блокира дел од центарот на градот, пренесува „Нова Македонија“.
Во врска со случајот полицијата до 22.00 часот не сакаше да даде никаква изјава, а неофицијално според она што можеше да се слушне од дел од вработените од соседните дуќани до банката станува збор за лице кое вршело услуга на автоматот по што си го заборавило сопствениот ранец. Подоцна наводно лицето се вратило да си го земе ранецот, но од страна на полицијата од превентивни и безбедносни причини тоа не му било дозволено бидејки полицијата ја чекала екипата за антитероризам.
Полицијата и натаму работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.