Српската тенисерка Ана Ивановиќ (29) одлучи да ја запре својата карира и да замине во пензија. Причините се за радување, таа и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер чекаат дете. Веста ја објави српскиот портал Информер.
Од таму известуваат дека таа поради бременоста една година нема да може да се занимава со тенис, но Ивановиќ одлучила да му се посвети целосно на своето дете и да се повлече од теренот.
Дека нејзината одлука е ненадејна, зборува и фактот што само пет дена претходно Ана се пофали дека се подготвува за следната сезона.
Morning hit ready. How did you start your day? #WhenInSingapore #IPTL #Tennis
A photo posted by Ana Ivanovic (@anaivanovic) on
– Веќе беше започнала со подготовки кога дозна дека е трудна. По разговор со Бастијан, одлучила дека е најдобро да го остави тенисот и да му се псовети на семејството. На крајот на краиштата и Швајни размислува да ја заврши кариерата следното лето. И двајцата го постигнаа врвот во своите кариери, ги освоија навјажните трофеи и беа светски прваци. Аметаат дека е време да завртат нова стрница во животот, вали соговорникот на Информер.
Фудбалската ѕвезда почека за страстите да се смират, за да им покаже на сите што мисли за одлуката на својата сопруга.
Српската тенисерка Ана Ивановиќ и официјално објави дека ја завршува својата професионална кариера и дека се повлекува од белиот спорт, а сите следствено на тоа, беа во исчекување на реакцијата на нејзиниот сопруг после ваквите вести.
Сега веќе поранешната тенисерка, признала дека ѝ било многу тешко за да донесе една ваква голема одлука, но поддршка се чини дека добила од сите страни.
И иако оваа година за Ана беше полна со турбуленции на професионален план, на приватниот пак ѝ се случија можеби и најубавите нешта коишто може да се случат во животот на една жена.
После долгогодишната врска, Ана ова лето му го изговори своето судбоносно “да” на својот избраник Бастијан Швајнштајгер, на романтична венчавка во Венеција, а со секоја нова фотографија, добиваме впечаток дека парот е посреќен од било кога.
Но, многумина сакаа да ја дознаат реакцијата на сопругот на Ана на веста дека неговата поубава половина се повлекува од терените, но тој очигледно сакал да почека за страстите да се смират, како би се огласил и со свое мислење.
Германскиот фудбалер после еден ден откако Ана ја соопшти оваа вест, преку фотографии на Instagram, ја сумираше годината којашто изминува, присетувајќи се на сите случувања коишто за него ја одбележаа 2016-та година.
И покрај многуте спортски успеси, како најважен момент, секако, тој ја издбоил венчавката со Ана, што кај сите ги разбуди и оние најнежните емоции.
Покрај фотографијата од церемонијата, Бастијан напишал – “Мојот најважен настан за оваа година – нашата венчавка во Венеција ова лето!”.
Иако и досега тоа беше и повеќе од јасно, не постојат повеќе никакви сомнежи за тоа дека Бастијан е огромна поддршка за Ана во сите животни околности
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.