Оваа фотографија објавена на социјалната мрежа Тумблр за само еден ден доби 100.000 „лајкови“.
На фотографијата се гледа фискална сметка од 60,42 долари, на која пишува дека келнерката добила бакшиш од неверојатни 1.000 долари. Ќерката на келнерката подоцна објаснила дека пред да ја добие оваа сума, разговарала со гостинот на кого му открила дека многу би сакала да отпатува во Италија и да ја посети Фиренца од каде што и е потеклото. Тоа ја објаснува пораката на сметката на која пишува „Твојот билет за Италија, Уживај!!!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со лажен мејл и мобилен кочанец ја испразнил сметката на сограѓанин
-
Овој хармоникаш го доби најголемиот бакшиш на свадба: Буквално лежеше во пари
-
Добил бакшиш од 6.000 евра бидејќи му ја погодил песната на гостинот (видео)
-
Бакшишот се броел до доцна во ноќта: Сања Ристеска ја „осиромаши“ Америка (фото)