Режимот на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-Ун ги натерал христијаните во земјата наместо Божик да го слават роденденот на баба му Ким Јонг-Сук, пренесуваат светските агенции, пишува Макфакс.
Режимот бара од луѓето, независно од религијата, да го прослават роденденот на бабата на Ким Јонг-Ун, која е родена на Бадник во 1919-та година, пишува New Europe. Многу Севернокорејци веќе и ја слават „светата мајка на револуцијата”, посетувајќи го нејзиниот гроб.
Според медиумите тешко овие податоци да бидат потврдени, поради фактот затвореноста на земјата и режимот, но претходните активности против христијанското малцинство во земјата укажуваат дека режимот навистина се обидува да ги укине божиќните прослави.
Во меѓувреме, водачот на Северна Кореја ветил дека ќе ги „елиминира слабите граѓани на земјата“ за време на божиќните празници, а според него има многу „слаби алки” меѓу партиските комитети и тие се неспособни да ги завршат „основните револуционерни задачи”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.