| четврток, 6 декември 2018 |

На оваа земја ѝ се потребни 30 илјади работници

Кон австриските ски центри за некоја недела нема да тргнат само илјадници скијачи-туку и работници. Според некои информации, Австрија бара дури триесет илјади работници за претстојната скијачка сезона, а со оглед на тоа дека ни е близу, на дело е и нова генерација гастербајтери.

На оние кои знаат германски им се смее шанса, па ако немаат работа, не треба да губат време дома.

-Најмногу се барани готвачи, келнери и собарки. Главен услов е добро познавање на германски јазик, бидејќи се во постојан контакт со гости а за готвачи се бараат стручни квалификации-препораки и искуство.

„Ние за нашите бизнис партнери собираме биографии од кандидатите, правиме селекција со оглед на работната сила која ја бара работодавачот, а тој донесува конечна одлука кој од кандидатот ќе го вработи“, вели Александра Бертелт од фирмата „Euro Career” од Пула, која се занимава со посредништво во вработување, и истакнува дека интересот за работа во Австрија е огромен.

Има толку голем потенцијал на кандидати за работа, да речиси и не треба да ги рекламираат своите услуги, бидејќи добриот глас се слуша надалеку, вели таа.

Интересно е дека работодавците обезбедуваат сместување во еднокреветни или повеќекреветни соби и храна, така да сите трошоци на работниците кои се одлучат да ја поминат зимата на австриските ски центри-се минимални.

Платите на готвачот зависат од многу работи: колективен договор кој е на сила, висина на саатница, ноќна или работа на празници… , а се движат од 1 400 до 1 850 евра, додека келнерите во просек се платени 1 350 евра како и собарките.

Во Слацбург , Тирол и Ворарлберг во зима се бараат од 3 000 до 3 500 угостителски работници повеќе отколку во летните месеци. Единствената пречка за оние кои сакаат да за (работат) а ги задоволуваат условите на конкурсот е работната дозвола.

Меѓутоа, ако работодавецот е навистина заинтересиран за врабoтување на работници-работната дозвола се добива во рок од три недели, секако, ако на австриската берза на труд не постои невработен работник со исти квалификации,бидејќи тој има предност при вработување во однос на странци.

Најмногу заинтересирани за работа во Австрија има меѓу сезонците кои налето ја одработат својата работа на Јадранот, а потоа сакаат да продолжат со истата работа и во зима бидејќи за тоа се обучени.

Големи странски ланци исто така практикуваат работната сила која на лето им работи во хотелите на Јадранот, да ја преселат во Австрија, па кога сопствениците ги затворат одморалиштата на бреговите, работниците заминуваат во Алпите да ги подготвуваат зимските одморалишта за доаѓање на првите скијачи. Огласите за вработување на работна сила во Австрија се често и на страниците на ХЗЗО.

Олеснителна околност за многу работници од Балканот кои сакаат да добијат работа во странство е тоа што при посредувањето на се плаќа, бидејќи лиценцирањето на агенции како “Euro Careera” од Пула, своите услуги ги наплаќаат директно од работодавецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top