Поранешниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски, во новата година ќе влезе со нов предизвик – како кормилар на националниот тим на турската одбојкарска репрезентација. Тренерот што во изминатите неколку сезони го издигна клубот Мили Пјанго до највисоките места во турската одбојкарска лига ја доби довербата на челниците на тамошната одбојкарска федерација.
Договорот треба да биде официјализиран во наредните неколку денови, веднаш по новогодишните празници.
Турската сениорска одбојкарска репрезентација ја очекува бурен летен период со квалификациите за Светското првенство, настап во Светската лига, како и настап на континенталното првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.