| четврток, 6 декември 2018 |

Милан со конкретна понуда, 32 пати поголема плата за Донарума!

donaruma

Според италијанските медиуми, актуелниот шампион Јувентус е блиску до потпишување на играчот на Џенова, Томас Ринкон. 28-годишниот играч од средината на теренот во тимот на Џенова е од 2014 година, а претходно пет години настапуваше за тимот на Хамбургер.

Раководството на „старата дама“ репрезентативецот на Венецуела во своите редови сака да го доведе на позајмица и ќе плати два милиони евра, со можност за откуп на крајот од сезоната, за осум милиони евра.

За својата иднина размислуваат и во таборот на Милан, од каде спремаат нов договор за еден од најперспективните млади голмани на светот, Џанлуиџи Донарума. 17-годишниот Донарума веќе има запишано 45 настапи за „росонерите“.

Репрезентативецот на Италија моментално заработува 160.000 евра по сезона, а според новиот договор би требало да има годишна плата од цели 5 милиони евра или 32 пати повеќе од сегашната заработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top