| четврток, 6 декември 2018 |

Нов топлотен бран- Македонија во жолта фаза

Македонија денеска ќе биде зафатена од нов топлотен бран со температури до 34  Целзиусови степени. Поради ваквите најави од Управата за хидрометеоролошки работи, Министерството за здравство го вклучи предупредувачкиот аларм и прогласи жолта алертна фаза на целата територија на државата, освен во пелагонискиот и во охридско-преспанскиот регион.

Високата температура се очекува да трае до утре, а од четврток се најавува намалување на температурата во целата земја.
Од Министерството за здравство ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност, како што се избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, носење лесна и светла облека, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top