| четврток, 6 декември 2018 |

Службата за Итна медицинска помош за празниците со 24­-часовна покриеност

brza-pomos

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје” ­ Скопје, соопшти дека за време на новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ, стои во соопштението, Итната медицинска помош ќе располага со 13 медицински тима распоредени во постоечките 9 пункта дисперзирани во различни делови од градот (Карпош, Јане Сандански, Чаир, Ченто, Драчево, Ѓорче Петров, Петровец, Глумово и Чучер Сандево).

На тој начин, како што се наведува, се опфаќа целосна покриеност и ефикасна здравствена заштита на корисниците на нашата дејност. Екипа на ИМП ќе има и на Скопското Кале каде ќе има огномет.

Во рамки на Службата за ИМП ќе дежураат и осумте ординации за здравствена заштита во трета смена, недели и празници и тоа во поликлиниките: Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Перов, Драчево, Идадија и Бит Пазар. Исто така со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата препорачува редовно земање терапија кај хроничните болни, при излегување надвор да се носи топла облека и соодветни обувки како и да се консумираат топли напитоци, умерено користење алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици­алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, младата и малолетна популација да не користи алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top