| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје со новогодишен подарок за навивачите, влезот со Цедевита бесплатен

mzt-skopje

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје реши повторно да ги отвори вратите за љубителите на кошарката и своите навивачи. На 2. јануари „металците“ се домаќини на Цедевита, а влезот во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде слободен. Тимот од Аеродром се соочува со хрватскиот гигант во рамки на 16. коло од АБА-лигата, а позитивен резултат на нашиот тим би бил идеален за добар старт на годината.

– Како новогодишен и божиќен подарок за сите вљубеници во кошарката, а во духот на традицијата од последните неколку години, управата на МЗТ Скопје Аеродром реши да овозможи бесплатен влез за првиот меч во новата 2017 година, кој на 2 јануари (понеделник) ќе го одиграме со хрватска Цедевита – велат од таборот на МЗТ.

МЗТ веќе еднаш играше со Цедевита во Скопје оваа сезона, во рамки на кошаркарскиот Еврокуп. Натпреварот со меѓу МЗТ и Цедевита ќе се одигра на 2. јануари со почеток во 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top