| четврток, 6 декември 2018 |

Мануел Баум официјално е тренер на Аугсбург

manuel-baum

Мануел Баум e нов тренер на германскиот бундеслигаш Аугзбург по еден месец во кој беше в.д. тренер. По отпиуштањето на Дирк Шустер, од клубот му дадоа комплетна доверба и официјализираа дека негов помошник ќе биде Александар Франкенбергер.

– Тој работи во Аугзбург две и пол години и не му треба време за аклиматизација. Верувам дека го направивме вистинскиот избор и дека ќе имаме успешна пролет и ќе останеме во Бундеслигата – вели спортскиот директор Штефан Ројтер.

Аугсбург со 18 бода презими на 12. место во германскиот шампионат и се наоѓа само на шест бода од зоната која води во Втората лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top