САД соопштија дека се забележува засилување на исламофобијата во Европа и Азија, како и зголемување на насилствата врз исламски малцински групи во муслиманските земји. Овие констатации се наведени во годишниот извештај на Стејт департментот за верските слободи во светот.
Во извештајот за 2012 година Вашингтон ги осудува репресиите врз религиозните групи во Кина, Северна Кореја, Виетнам и Мјанмар и континуираното засилување на антисемитизмот во Египет, Иран и Венецуела, по чиј повод државниот секретар Џон Кери постави нов специјален пратеник за борба против антисемитизмот.
– Антимуслиманската реторика и акции се во пораст, особено во Европа и Азија. Ограничувањата на владите кои често се поклопуваат со општествениот анимозитет, често резултираа со антимуслимански мерки кои го погодуваат секојдневниот живот на бројни верници, се наведува во извештајот кој се однесува на 2012 година.
Стејт департментот наведува, на пример, дека во Мјанмар, функционерите поттикнувале антимуслиманско насилство во држава Ракина, додека во Кина властите не покажувале толеранција кон Ујгурите и Тибеќаните.
Ограничувањата за муслиманите во 2012 година биле воведени од земји како Белгија, која забрани облека со која се покрива лицето.
Индија е критикувана за забраната за носење вел од страна на ученички во индиски држави, каде мнозинството жени се хиндуси.
Стејт департментот ги осудува и репресиите врз исламски малцински групи во муслимански земји, каде шиитите или сунитите се мнозинство, како Саудиска Арабија, Пакистан, Индонезија, Бахреин и Иран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
АВМУ со втор извештај: Медиумите неизбалансирани за референдумот, силно наклонети кон кампањата „За“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД



