| четврток, 6 декември 2018 |

Замина по ќерката – почина холивудската актерка Деби Рејнолдс, мајка на Кери Фишер

debi

Холивудската актерка Деби Рејнолдс, која се прослави по улогата во филмот „Да пееме на дождот“, почина на 85 години, само еден ден откако почина и нејзината ќерка Кери Фишер.

Деби почина неколку часа откако беше примена во болница во Лос Анџелес, најверојатно по мозочен удар.

debi2

Веста за смртта на Деби Рејнолдс ја објави нејзиниот син Тод Фишер.

– Таа е сега со Кери – рекол Тод додавајќи дека смртта на ќерката била премногу за Деби.

Деби Рејнолдс глумела во десетина филмови заедно со Џин Кели, Френк Синатра, Тони Кертис, Фред Астер и Дик ван Дајк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top