Четворица се убиени, а уште петмина се повредени кога вооружени лица денеска влегле во банка во градот Бершева на југот на Израел.
Еден од крадците држел една жена како заложник за време на размена на оган со полицијата, а ја пуштил непосредно пред да пука сам во себе.
Почетните резултати на истрагата укажуваат дека крадците влегле во банката околу 13 часот и отвориле оган. Според очевидци, двајца грабнувачи останале во банката, а судирот со полицијата траел некое време.
Подоцна е јавено дека по самоубиството на крадецот, престанале престрелките со полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



