Големиот француски пророк Мишел де Нотрдам, попознат како Нострадамус, предвидел многу нешта за кои се верува дека ќе се случат еден ден. Се верува дека го предвидел одењето на Месечината, смртта на Хенри II, убиството на Кенеди…, а еве што тој предвидел за 2017 година.
На светската сцена, Кина може да направи храбри потези да ја излечи “економската нерамнотежа” во светот со далекусежни последици, според верниците. Италија би можела да се соочи со тешка финансиска состојба, со зголемување на невработеноста и кредитите, што ќе ја направи “епицентар” на свежа криза во еврозоната. Оваа земја се чини дека е подготвена да доживее економски превирања и длабока банкарска криза во однос на резултатите од референдумот и одлуката на Матео Ренци да поднесе оставка.
“Сегашната суперсила”, за која се верува дека се однесува на САД, се очекува да стане сè повеќе незауздана и некомпетентна во годината кога претседателот Трамп ќе стапи на должност.Едно пророштво вели дека се предвидува ново примирје меѓу Русија и Украина, на кое ќе се спротивстави САД, ама ќе го прифати ЕУ.
Во Латинска Америка се предвидува дека владите ќе се оддалечуваат од левичарската политика, што ќе ’помогне’ во подготовките за потенцијални граѓански немири. Најстрашно од наводните пророштва е “Жешка војна” околу глобалното затоплување и намалување на ресурсите паралелно со, како што е наведено, најголемата закана од биолошко оружје и тероризам.
Во однос на технологијата, Нострадамус предвидел дека таканаречениот компјутерски облак ќе стане стандард, соларната енергија ќе биде пошироко распространета и ќе преовлдува, а комерцијалните патувања во вселената ќе се одвиваат со орбитални летови ширум Земјата.
Во блиска иднина
Нострадамус, за жал за нас најблиска иднина, предвидел и Трета светска војна, која ќе трае 27 години и ќе се совпадне со појавата на “голема комета во небото.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Замислете си го прашањето и одговорот ќе те одбере тебе: Кругот на Нострадамус точно ја открива иднината!
-
Откриени предвидувања на Нострадамус за 2018 година: Економски колапс, ерупција на Везуф, Трета светска војна…
-
Ова е застрашувачката прогноза на Нострадамус за 2018
-
Нострадамус предвиде: 2018 ќе ја одбележат пет грозни настани!