Надлежните велат дека не им била намерата да се казнува, ама сепак за секој случај, што се вели, пропишале високи казни.
Микрочип за идентификувањето на галеничињата ќе се воведе од идниот месец и ќе биде задолжителен за секое домашно галениче. Тоа го предвидува Правилникот донесен во јануари годинава, според кој за бездомните животни оваа обврска ќе ја преземаат стационарите.
Агенцијата за храна и ветеринарство вели дека идентификацијата ќе ја спроведуваат овластени ветеринарни друштва. Со неа ќе бидат опфатени кучиња и мачки. Сопствениците се должни да ги идентификуваат галеничињата максимум шест месеци по нивното раѓање.
„За оние што нема да ја реализираат обврската, според Законот, предвидени се глоби, до 1.000 евра за правно и 80 евра за физичко лице. Но намерата не е да се казнува, туку да се зголеми свеста за идентификација, која ќе овозможи квалитетна здравствена заштита. Оттука, при евидентирањето случај на неидентификуван миленик, најпрво ќе се пристапи кон советување и едукација“, велат од Агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



