| четврток, 6 декември 2018 |

ЈСП: Од 1 јануари во јавниот превоз задолжително со електронска картичка

Од 01.01.2017 година влегува во сила Интегрираниот Тарифен Систем кој важи за сите превозници вклучително и приватните превозници.

Почнувајќи од новата година, корисниците на јавниот превоз задолжително треба да поседуваат електронска картичка, која може да се набави во сите продажни места на ЈСП СКОПЈЕ, дополнителните продажни места од мрежата за продажба на 50 различни локации и во сите автобуси на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници.

Со влегувањето во сила на Интегрираниот Тарифен Систем, Градот Скопје донесе одлука за промотивен период од еден месец, при што со секоја купена неперсонализирана електронска картичка следуваат 5 гратис возења.

Ве известуваме дека доколку сакате да користите јавен градски превоз задолжително треба да имате електронска картичка со запишан билет или надополнет паричник.

За единствено возење се користи електронскиот паричник.

kategorija

k2

ka2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top