| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарска грешка: Ги помешале сперматозоидите, па 26 парови очекуваат туѓо дете

Центар за медицински помогнато оплодување во Холандија соопшти дека е можно 26 жени да се оплодени со сперматозоиди на погрешен човек. Од центарот велат дека за ова е виновна „процедурална грешка“ која што се случила во периодот од април 2015 до ноември 2016 година.

Половина од паровите кои што го посетиле медицинскиот центар за оплодување веќе очекуват дете или го имаат добиено. Од медицинскиот центар велат дека сите нивни пациенти биле известени и во соопштението се вели дека им е жал што паровите морале да ја добијат оваа вест.

– За време на оплодувањето, сперматозоидите на еден пар кој што беше на третман, веројатно се споиле со јајцеклетките на преостанатите 26 парови. Поради тоа, постои можност јајцеклетките да се оплодени со сперматозоидите на еден маж, односно не на тој кој што всушност требало да биде татко на детето – се вели во соопштението.

Иако веројатноста да се случи тоа е мала, сепак од центарот велат дека не треба да се исклучи таа можност.

Од 26-те парови кои што го посетиле центарот, девет парови веќе добиле дете, а уште четири жени се бремени. Преостанатите 13 ембриони се замрзнати. Сите парови во следните неколку дена би требало да се состанат со докторите од центарот, а ќе им биде понудена можност да извршат ДНК тестирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top