Битолчанка е тешко повредена во сообраќајна незгода што се случила вчера во 17.50 часот во Битола, на крстосницата од ул. „Партизанска“ со ул. „АСНОМ“.
Управувајќи со „крајслер“, М.Т. (61) од Битола удрил во пешакот В.С. (76) од Битола. Во незгодата В.С се здобила со тешка телесна повреда, по што е пренесена во Клиничка болница Битола каде и била укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.