Триесет и четиригодишниот Н.И. од Тетово кривично се гони поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница.
Пријавениот на 20 јули годинава, во периодот од 06.30 до 07.30 часот отишол во с. Чегране, гостиварско, во куќата на И.Х., каде сега живее неговата поранешна сопруга Ш.И. (35), која физички ја нападнал, нанесувајќи и телесни повреди, а потоа со гасен пиштол ја држел против нејзина волја во собата и не и дозволувал да ја напушти. Исто така, со сериозна закана извршил полови дејствија над истата.
Од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот, при кој е пронајден пиштол калибар 9мм и истиот е одземен со потврда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.